Недолично скандирање на “Чкембари” кон македонската икона кој освои две титули во Лигата на шампиони (Видео)

Вардар го победи Еурофарм Пелистер на синоќешното 49-то по ред издание на Струшкиот турнир

После регуларните 60 минути резултатот на натпреварот беше 28:28, па после продолженијата Вардар триумфираше со 33:32 и го подигна трофејот на престижниот турнир во Струга.

Јавноста беше сведок и на едена недолична провокација од навивачката група на битолчани кон македонската икона Столе Стоилов.

Но, наместо да одговори на ваквиот начин на скандирање, Стоилов во негов стил направи шоу, па дури и ги диригираше “Чкембари”.

Како редакција ги почитуваме повеќето навивачки групи и секогаш сме давале придонес во нивното афирмирање и афирмацијата на ултрас културата во Македонија, но да се скандира на ваков начин, кон човекот кој срце на терен дава за Македонија…

ВИДЕО: “24 РАКОМЕТ TВ”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.