Неделен хороскоп: Што ве очекува до 1-ви август?

horoskop-nova-650x396

Дознајте што ви подготвиле ѕвездите за последната недела од овој месец. Дали сега е време да започнете нешто ново, да трошите или да штедите…

Овен

Ова е добра недела за купување нова облека, за да се „подновите“. Исто така оваа недела би било добро да ги завршувате нештата што сте ги започнале. Посветете се на средувањето на документите. Важна е организацијата на работата. Грижете се повеќе за вашето време, но најдете време и за забава. Посветете му се и на вашето хоби, тоа ќе ве опушти.

Бик

Задоволни сте од напредокот на работата. Потрудете се да бидете одговорни, не трошете премногу пари за работи што не ви требаат. Бидете внимателни каде оставате документи оваа недела. Прилично добро се чувствувате и одлично сте расположени. Позитивни сте. Односите со членовите на семејството се подобруваат. Конечно, на крајот на оваа недела ќе престанат несогласувањата со партнерот и со соработниците.

Близнаци

Одлично сте расположени. Не се оптоварувајте со премногу работа. Планирајте патување, ако сте во можност. Помалку зборувајте за  вашите планови содругите. Бидете практични.  Неделава средете го домот, фрлете ги нештата што не ви требаат.

Рак

Оваа недела сте желни за нови победи. Сакате да започнете некои работи поврзани со бизнисот и сега е вистинското време за тоа. Една жена може да биде од помош. Ќе бидете попрактични  и порационални од вообичаеното, па затоа потрудете се да не трошите енергија на негативни луѓе. Не позајмувајте пари на другите. Не треба да се правдате пред другите. Страствени сте.

Лав

Супер се чувствувате. Посветете се на себе си. Сега е време за работа, усовршување, започнување курс. Прочитајте ги книгите што планирате да ги прочитате долго време. Завршувајте го започнатото. Важно е да не дојдете во конфликт со надредените, туку да знаете која е вашата улога. Конечно, на крајот на оваа недела ќе има страст и во вашиот живот и може да влезат некои интересни луѓе. Важно е да не се враќате на старото.

Девица

Позборлести сте од вообичаеното. Добро се чувствате. Само бидете сигурни дека нема премногу да ги критикувате другите луѓе. Гледајте ја вашата работа, кој има потреба од совет ќе побара. Можни се проблеми во сообраќајот, па дури и некои казни. Возете полека. Ќе имате повеќе енергија оваа недела. Некои обврски на работа, што не сте ги завршиле на време и сега повторно може да ви бидат проблем. Би било добро да расчистите што е она што го сакате од односот со партнерот, ништо да не премолчувате ако сте во врска. Слободно, нема потреба за промена на статусот, не се идеални аспектите за нешто ново.

Вага

Потрудете се да се дружите повеќе. Контактите со другите прават да се чувствувате одлично и полни со елан. Иако, да бидеме реални, парите ги трошите во согласност со вашите способности. Немојте да се нервирате ако нештата не одат како што сте испланирале. Ова не е добра недела за купување на некои поголеми работи, сега е време за работа, заштеда. Не се прејадувајте.

Скорпија

Оваа недела треба да се донесат некои важни одлуки поврзани со работата. Мора да се искористи новата шанса за работа. Женско лице може да ви биде од помош. Семејството ви е голема поддршка. Потрудете се да се насочите на блиските луѓе. Во моментов можно е некое реновирање на домот, уредување или дури и купување на некои нови апарати или мебел. Ќе бидете помалку нервозни по викендот.

Стрелец

Потрудете се да не се нервирате околу работата. Дајте се од себе, но најдете време за одмор. Тоа ќе ви биде приоритет оваа недела. Олеснете си себе си. Не си правете притисок за работите што не можете да ги промените. Ќе имате повеќе енергија отколку за време на викендот и подобро се чувствувате. Занимавајте се со спорт. Некое патување ќе ви дојде добро.

Јарец

Одете на некое кратко патување. Бидете внимателни каде ги оставате документите. Сеуште премногу се нервирате за пари, но тоа ќе заврши на крајот на оваа недела. Направете план на работа за неделава. Организирајте се подобро и внимавајте на роковите. Страствени сте. Не дозволувајте љубомората ја загрози вашата врска со вашиот партнер. Слободните припадници на знакот се склони кон авантури.

Водолија

Партнерските односи ви се одлични. Ако сте слободни, преку соработниците можете да запознаете некого што ќе ви се допадне. Прекрасно се чувствувате. Од средината на неделата ќе биде во уште подобро расположение. Најдобро е да не планирате никакви големи купувања. Направете обид да заштедите пари, ако воопшто е можно. Можни проблеми со грбот и со циркулацијата.

Риби

Конечно вниманието ќе го пренасочите на работата. Бидете сигурни дека нема да влезето во конфликт со другите колку и да сте напнати, игнорирајте ги работите што ви пречат. Бидете внимателни да не се преморувате, бидејќи тоа може да влијае на вашето здравје. Некое машко лице може да ви направи проблем на работа. Не правете повеќе работи во исто време. Комуникацијата со вашиот партнер ќе се подобри со текот на викендот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.