Неговите пици се уметност! Дарко од Прилеп е врвен пица мајстор, кој секоја состојка ја претвора во гастрономско уживање (ФОТО)

Дарко Јашароски е млад, талентиран пица мајстор од Прилеп и вистински уметник кога станува збор за создавање неодоливи вкусови кои будат емоции. Со над 15 години професионално искуство, неговата приказна е пример за посветеност, страст и постојано усовршување во светот на гастрономијата.

За неговите вкусни пици и вештина се зборува низ цело Скопје, оставајќи силен впечаток на гастро-сцената во главниот град преку успешна работа во неколку еминентни ресторани, како: „Гурмет“ во Дебар Маало, „Гет Кафе“ и ресторан „Дион“.

Неговата креативност и лидерство таму го вивнуваат на врвот на професионалната кујна. Но, неговото кулинарско патување не застанува тука. Па така, ако сите три годинишни времиња е помеѓу вистинските гурмани во Скопје, летото е резервирано за работа на хрватското приморје, каде Дарко веќе 10 години ги воодушевува туристите од целиот свет.

Дарко е носител на бројни признанија, а највредното меѓу нив е првото место на Балканот на престижниот пица натпревар во Софија, Бугарија – доказ за неговото мајсторство и иновативен пристап во подготовката на ова кулинарско ремек-дело.

Зад себе има и три успешни работни годни во Германија, како и 5-годишно работно искуство како пица шеф менаџер во “Доминос”.

Секоја пица која е приготвена од неговите раце, е внимателно изработена со врвни состојки, беспрекорна техника и љубов кон деталите. Неговите рецепти се комбинација од традиционалната италијанска школа и модерни вкусови, што резултира со пици што не се само вкусни – туку и незаборавни.

На мајстор Дарко му посакуваме уште бројни успеси во иднина, а вам во најскоро време да пробате некој од неговите пица специјалитети, и да се уверите дека сте во рацете на вистински мајстор, кој секоја состојка ја претвора во гастрономско уживање.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.