Руските снајпери наскоро ќе станат невидливи за непријателот благодарение на новиот иновативен дурбин, развиен од Московска дизајнерска компанија.
“Развиваме дурбин кој ќе дозволи поголема ефикасност од користењето на опремата за инфрацрвено и ноќно гледање. Новите дурбини ќе работат на радиобранова должина, што го прави снајперот невидлив за непријателот”, вели генералниот директор на компанијата Аргус-НВ, Антон Сафин.
Од компанијата претходно изјавија дека засега дурбинот успешно ги поминал тест фазите за работа во секакви временски услови.
Аргус-НВ опремата е лесна, мала и издржлива со батерии со голем капацитет кои обезбедуваат сигурно користење дури и со тешки оружја под секаков вид на временски услови. Компанијата специјализира во развивање на инфрацрвени додатоци за снајпери кои се додаваат на дурбините на пушките ВСС и СВД, Калашников и Пешенег митралезите.