Невестата се омажила со еден од гостите, откако младоженецот во последен момент се исплашил и избегал од свадбата.
Свадбаената церемонија била закажана заедно со венчавката на братот од младоженецот, па семејствата одлучиле на ист ден да имаат две веселби.
Големиот ден требало да биде 3 јануари, а ден претходно младоженецот Навин и невестата Синдху биле дел од предсвадбените настани.
Но, на денот на свадбата Навин одлучил да не го каже судбоносното “да” и заминал кај неговата девојка.
Како што пренесува “Bangalore Mirror”, oткако младоженецот избегал, семејството на невестата не сакало да си замине дома без свадба, па одлучиле да побараат нов младоженец меѓу гостите. За среќа имало еден “волонтер” кој доброволно се пријавил да се ожени со Синдиху.