Руска подморница за прв пат се спушти до Маријанската дупка- најдлабокото место на Земјата и најдлабокиот дел на светските океани, соопштија од Рускиот фонд за перспективни истражувања.
“На 8 мај 2020 година во 22.34 часот автономен руски подводен апарат без екипаж “Витез” се спушти на дното на Маријанската дупка”.
Сензорите на подводниот уред забележаа длабочина од 10.028 метри. Познато е дека уредот се наоѓал под вода повеќе од 3 часа.
Во декември 2019 година Русија беше ocoмничена дека планира да ја пробие Маријанската дупка за да предизвика гигантски бран кој би ја уништил Америка.