Еден Турчин од Кападокија во 1963 година го проширувал подрумот во својата куќа и случајно го открил подземниот град Деринкуву.
Со рушење на еден ѕид ја открил тајната соба споена со тунел кој водел до тајниот и древен подземен град, кој се протега низ полни осум нивоа до длабочина од 85 метри.
Во овој град пред околу 2000 години живееле околу 20.000 луѓе, а интересно е што подземниот град е еднакво комплексен како и градовите на површината пишува „Дејли маил“.
Во градот имало штали, кујни, цркви, гробници, заеднички простории и училишта.
Градот имал околу 600 влеза, а тешка камена врата можела да го запечати влезот на секое ниво посебно и да ги задржи жителите на сигурно од разбојниците и непријателите.