Чуе Џианју, 13-годишно момче од Кина, покажал неверојатна вештина со тоа што решил три Рубикови коцки истовремено, и тоа додека со нив жонглирал.
“Дејли мејл” го пренесува видеото од кинеско телевизиско шоу на кое се гледа како момчето го изведува овој подвиг пред публика и судии.
Талентираниот Чуе успеал да ги склопи трите коцки за нешто повеќе од 5 минути.
Минатата година Чуе на австралиска телевизија ја фасцинира публиката со тоа што успеа да реши Рубикова коцка за помалку од 12 секунди и тоа со врзани очи.