НЕВЕРОЈАТНИ ВИДЕА ОД ПРИЛЕП И ВУЛКАНСКИТЕ БОЛДЕРИНГ КАРПИ НА МАРКОВИ КУЛИ

aaa

Видеата кои следат подолу се ремек дело на фотографот Христијан Конески, а се инспирирани од убавините на Прилеп, од модерниот изглед на градот, како и од природните експонати, вулканските карпи на Маркови Кули, каде се одржува Болдеринг маратонот “Крали Марко”. Ќе видите навистина неверојатна птичја перспектива на градот, каде грандиозноста на градската Саат Кула  најубаво доаѓа до белег. 3333

Второто видео го пренесува целиот адреналин, позитивна енергија и возбудливост кој го крие болдерингот како спорт, а кој е во расцут во градот под Марковите Кули. Годинешниот маратон беше збогатен со дисциплина одење на јаже, па предизвика уште поголем интерес. Болдеринг маратонот е само еден дел од напорите на Локалната самоуправа и градоначалникот Марјан Ристески, Прилеп да прерасне во центар на развој и негување на екстремните спортови во Р. Македонија.

12121

Прилеп прерасна во модерен центар во инфраструктурен поглед и во поглед на негување на алтернативниот туризам. Градот живее нова епоха и препороден чекори напред.

212121

111

А.Г.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.