Салем Коуса (Леми) е девојка која многу често можеме да ја видиме низ социјалните мрежи Инстаграм и Тумблр. На Инстаграм е позната под името “lemybeauty”, а ја следат повеќе од милион луѓе.
Леми пораснала во Лондон, каде и сега живее, но нејзиното потекло е дури од четири држави, а тоа се Сиера Леоне, Либан, Грција и Италија.
Лондонската убавица е една од оние кои многу време посветуваат на својот изглед. Нејзини интереси се модата, тренирањето и здравиот начин на исхрана.
Дваесетгодишната Леми со својата атрактивност многу лесно го привлекува вниманието на сите, а таа вели дека покрај генетиката потребно е и многу тренинг за добар изглед.