Сега кога температурите паѓаат и под нулата, еден радијатор не е доволен за да ја затопли просторијата. Но овој едноставен трик со фолија сигурно дека ќе ви биде од помош. Во вашиот стан ќе биде потопло, а вие нема да плаќате “високи” сметки. Еве што треба да направите:
Потребно е на ѕидот позади радијаторот да залепите алуминиумска фолија за домаќинство или фолија која се користи за заштита на автомобилите од сонце. И на тој начин нема да се загрева ѕидот, туку топлината ќе се рефлектира во просторијата. Потребно е да ја залепите фолијата на парче картон. Во продолжение погледнете го видеото и уверете се !
Ф.Г.