Неверојатен одговор на премиерот Ковачевски: Во Брисел ќе побараме помош за проблемот со кучињата скитници

Премиерот кажа дека при наредната посета на Брисел со соодветните сектори ќе се разговара за соработка преку ИПАРД-програмите со цел, како што кажа, да се направи модел на стационар за бездомните кучиња и да им се излезе во пресрет на граѓаните и општините за, како што рече, решавање на овој голем проблем.

Коментирајќи ги проблемите со бездомните кучиња кои се актуализирани во последните денови по убиството на десетина кучиња во Струга, премерот Димитар Ковачевски најави дека иако овој проблем не е во надлежност на државата ќе се побара помош од Брисел преку ИПАРД-програмите да биде изграден стационар во кој ќе се згрижуваат кучињата скитници.

„Јас разговарав со министерот за земјоделство, при следната посета на Брисел, со соодветните сектори да разговараме за одредена соработка преку ИПАРД-програмите и доколку може да се направи некој модел на стационар што ќе биде некаков државен проект, иако не е ингеренција на државата, со цел да можеме да им помогнеме на граѓаните и на општините во справувањето со овој проблем“, рече Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на РЕК „Битола“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.