Невakцинираните во јавниот сектор ќе мора еднаш неделно да се тестираат на свој трошок

Сите вработени во јавниот сектор, а кои не сакаат да се вakцинираат, ќе мора секоја недела да даваат пари за да направат ПСР тест, за да го приложат на своето работно место.

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче потенцираше дека тој е единствениот начин за да бидат сигурно дека индивидуата без вakцина, е безбеден за работната средина која има примено Koвид-вakцина.

Инаку, мерките ќе стапат на сила десетина дена откако Владата би ги усвоила, за да има време, како што рече Филипче. фирмите и луѓето да се прилагодат на новонастанатата ситуација.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.