Водата во која ги варите јајцата може да биде искористена за повеќе намени.
Оваа вода е одлична за вашите растенија. Растенијата сакаат калциум, а калцуиумот го има во водата во која се вареле јајца. Калциумот помага за одржување на добра pH вредност на земјата.
Неутрална земја, која има pH вредност меѓу 6.0 и 6.5 му нуди на растенијата идеална околина за преземање на хранливи материи кои се потребни за раст и развој.
Важно е водата во која се вареле јајца да ја оставите да добие собна температура пред да ја турите кај растенијата.