Не ја заборава Македонија и родната Струга: Аце Јоновски обезбеди цел камион школски инвентар донација

Некогашниот македонски репрезентативец Ацо Јоновски, кој сега е член на германскиот Ратинген, со помош на невладината организација „Gesellschaft für Schule, Sport und Soziales mbH“, луѓето во Ратинген и шпедицијата Ратингер Мулти Транспорт обезбеди донација од еден камион опрема за училиштето Јосип Броз Тито во Струга – oбјави “24ракомет”

“Со големо задоволство ви најавувам дека првиот камион со школски инвертар (хуманитарна донација) е веќе на пат кон Македонија-Струга! Морам да изразам голема благодарност до Intereaktiv Schule.Sport.Soziales, Bastian Schlierkamp, Andreas Hohnke на ангажираноста и довербата! Се надевам дека ова нема да е последна акција од ваков вид и искрено се надевам дека нема да добие политички епилог зошто се работи исклучиво за еден хуманитарен проект”, напиша Јоновски на својот Фејсбук профил.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.