Жител на Азербејџан вчера бил фотографиран како со дотраено натоварено возило носи помош за нacтpaданите семејства од земjoтpecoт во Турција и Сирија.
Новинари од оваа земја го пронашле човекот и биле шокирани кога виделе во какви услови живее, а сепак се решил да донира се’ што може.
Човекот се вика Сервер Бесирли, а на прашањето од новинарите каде ги нашол душеците и јорганите кои ги донира, тој одговорил:
„Не ги најдов, тоа е сè што имав дома. На нашите браќа им требаат повеќе од мене. Па ја испразнив куќата и однесов што имав, и се надевам дека ќе направат нешто со нив, затоа што многу се користени”