Аднан Џаферовски најверојатно ќе биде предлогот на СДСМ до Владата, за в.д. директор на Управата за финансиска полиција, дознава „А1он“.
Во внатрепартиските калкулации кој да го наследи Арафат Мауреми, откако тој и јавно обзнани дека се повлекува од функцијата, Џаферовски ја добил поддршката од сопартијците.
Џаферовски беше директор на Дирекцијата за заштита и спасување. Дипломирал на Факултетот за политички науки и меѓународни односи, а специјализирал бизнис и менаџмент. Тој беше член и на Извршниот одбор на СДСМ.
Џафероски беше и кандидат на СДСМ за градоначалник на општина Долнени на локалните избори минатата година, кога беше поразен во вториот круг од кандидатот на ДУИ.