Одбојкарската репрезентација на Македонија оствари важна победа против Хрватска во полуфиналниот натпревар од Сребрената лига.
Избраниците на Матијашевиќ со 3:2 по сетови ги совладаа „коцкестите“ и си закажаа финална средба со подобриот од второто полуфинале кое се игра помеѓу Данска и Унгарија.
Хрватска подобро го започна натпреварот и убедливо го доби првиот сет со 25:15, а потоа македонските одбојкари се консолидираа и ги добија следните два сета со 25:19, односно 25:22. Третиот сет им припадна на гостите со 25:21 за крајно возбудлив финиш на натпреварот и петти сет кој ќе го одлучи победникот.
Во одлучувачкиот сет, за среќа подобри беа нашите одбојкари со 15:12 и на крајот забележаа нова победа со која добија можност да атакуваат и на првото место во Сребрената лига.