Не се во прашање Грција, Бугарија и Црна Гора, но летувањето таму е багатела

Со години веќе летувате во Црна Гора, Грција или Бугарија, затоа што овие дестинации се едни од најповолните за граѓаните со понизок буџет.

Ова место е вистинското решение да посетите друга земја, а да потрошите помалку пари.

Се повеќе туристи од Балканот ја посетуваат оваа дестинација, а оние кои отишле таму ова место го нарекуваат “Нова Бугарија”, затоа што цените се приближно исти.

Примамливите цени за сместување и превоз се главен адут во рацете на, верувале или не, Романија.

Maмаја и Констанца се далеку подобри места и од Будва. Мамаја има жичара, аква парк и уште многу работи. Старите хотели се реновирани, а цените за храна се исти како кај нас.

Сместување можете да најдете од 6 евра по ноќевање, во зависност од тоа колку ѕвездички има хотелот. Исто така, сместување во приватни куќи и станови се најдува од 5 до 10 евра по ноќевање.

Препрека

Она што е единствена препрека на која можете да наидете доколку одлучите да летувате на романското море e тоа што македонските туристички агенции многу ретко организираат тури до таму, па ви преостанува вашето летување самостојно да го организирате.

Најпопуларни летувалишта во Романија се:

Констанца, која се наоѓа на крајниот исток од Романија, на брегот на Црното море

Мамаја, кое е најелитното романско летувалиште. Се наоѓа на брегот на Црното море во близина на најголемото романско летувалиште Констанца. Во Мамаја летува претежно млада популација.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.