Не се важни трпезата и јадењето- еве што е најважно за Бадник

Сите обичаи за Бадник се поврзани со христијанското заедништво, љубовта и радоста.

Бадниковиот ден му претходи на најсреќниот семеен празник- Божиќ. Тој е проследен со многу обичаи што ја разубавуваат подготовката на човечката душа за раѓањето на синот Божји.

На Бадник се носат бадникови гранчиња во домот, се приготвува посна вечера и се оди во црква.

Бадниковите гранчиња се симбол на она дрво, кое според верувањето, пастирите им го донеле на Јосиф и Марија за да запалат оган и да ја згреат пештерата во која бил роден Исус.

Домашните приготвуваат празнична трпеза, посна, но богата, за да биде и новата година богата и плодна. Бадниковите гранчиња треба да горат до Божиќ и тие ја најавуваат новата светлина што ја зголемуваат вербата во новородениот Христос.

Подовите се посипани со слама, исто како во пештерата во Витлеем.

Сите овие обичаи му даваат смисла на празникот кој го слави Христовото раѓање. Не се важни трпезата и јадењето, бидејќи сето тоа може да се приготви кој било ден. Најважно е овој празник да го поминете во својот дом, во кругот на семејството, со радост и љубов.

Оваа вечер сите локали и улици се пусти. Не се оди на гости за Бадник, ниту се зема нешто од други. Се празнува во семејството, а сите обичаи поттикнуваат на љубов, опростување и желба да се стави крај на сите конфликти.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.