Не само “Комити” и “Чкембари” – Повик за протест објавија и од навивачката група “Мајмуни” – Вечер пред камена бина во Прилеп!

Навивачките групи од целата држава се мобилизираат и повикуваат на протести за одбрана на името на државата.

После објавата на навивачките група “Комити” и “Чкембари”, се јавија и “Мајмуните” од Прилеп.

“Името на државата во која сме се родиле, живееме и опстојуваме, децидно одбиваме да се менува, да се преговара за истото, или да се изнаоѓаат т.н “алтернативи”. Алтернатива за нашата мајка не постои, таа е една и единствена, незаменлива и вечна. Република Македонија не повикува достоинствено да го изговориме нејзиното име и да се спротивставиме на секакво негово сквернавење или преформулирање. Убедувањата лични, партиски или било какви останати, оставете ги во втор план, и кажете непоколебливо НЕ, за промена на името на Р. Македонија !
Вечер 13.06 во 20:00 час.
Камена бина, плоштад “Александрија”
#РепубликаМакедонија”

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.