За жал поедини медикаменти и уживањето во сончањето не одат заедно. Некои од лековите и помошните средства можат да предизвикаат тешки алергиски реакции по кожата, но и на самиот организам.
На пример доколку користите поедини антибиотици, анти-бејби пилули или сте на терапија на коритиостероиди, а сте планирале летување, консултирајте се со својот лекар.
Парфеми, дезодоранси, филинзи, и други козметички препарати во комбинација со сончевите зраци, можат да предизвикаат бурна реакција на кожата, како што е осипи, облици на ситни меурчиња, пликови, љупење на кожата и силно чешање.