Не’ очекува ноќ за паметење! The Hounds вечерва ќе го прослават 17. роденден – бројни гости, забава за која ќе се зборува со денови

Најпознатите прилепски рокери, THE HOUNDS во срцето на прилепската Стара чаршија, традиционално со концерт ќе го прослават својот роденден.

Прилепскиот музички бренд оваа година слави 17 години, а концертот ќе се одржи во клуб “Калинка”.

-Поминаа 17 години откако прв пат почнавме да свириме во овој состав, како The Hounds. Безброј настапи, насмеани лица и распеани луѓе не следат насекаде каде настапуваме, за што сме преблагодарни.

Затоа, со гордост и чест ве каниме на нашиот годишен роденденски концерт, на 13. aвгуст во 21:00ч во срцето на Старата прилепска чаршија пред клубот “Калинка”!

Поканети сте сите, заедно со нашите пријатели уметници ќе направиме ноќ што долго ќе се памети и ќе го одбележи ова лето, ноќ што полека преминува во традиционално собирање на целиот град, а и луѓе од цела Македонија на едно место – напишаа THE HOUNDS на социјалните мрежи.

Вечерва друштво ќе им прават бројни музички имиња, меѓу кои: Dj Neox, Dj Jove, популарното диџеј дуо од Прилеп Cyrillic, македонскиот виртуоз на гитара Дамјан Пејчиноски и мултиинструменталистот Маестро Љупчо Мирчески.

Во 21:00 часот бидете во клуб “Калинка”, не’ чека ноќ за паметење!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.