Лажењето е лоша карактеристика на луѓето, од која рака на срце, никој од нас не е имун. Лажеме скоро секој ден. Просечен човек знае да ја промени вистината 11 пати во 7 дена, покажува едно истражување. Исто така, научниците откриле начини кои ќе можат да ви помогнат да ги препознаете лажговците за помалку од 5 секунди.
- Личноста која лаже сигурно ќе се обиде тоа да го прикрие, но движењата на неговата глава ќе ви покажат дека од тој човек не излегува вистината. Еден од знаците дека некој ве лаже е тешко заприметливото тресење на главата, а личноста која лаже не е свесна за тоа.
- Ако некој кој обично е опуштен започнува да гестикулира со рацете, да се чеша на лицето или има други немирни движења, бидете сигурни дека ве лаже.
- Личноста која лаже и е потребно подолго време да одговори на прашањето од онаа која ја зборува вистината.
МАРКУКУЛЕ.МК