Не е шега, доаѓа Кока Кола смартфонот

Веќе некое време кружат гласини дека Кока-Кoла соработува со одредена компанија за производство на телефон кој ќе го носи името на познатиот бренд.

Сега новите информации ги потврдуваат тие гласини. Дојавувачот Мукул Шарма на Твитер објави дека телефонот со брендирање на Кока Кола ќе биде пуштен во продажба од овој квартал, а тоа и во Индија.

Не е познато која компанија е задолжена за создавање на телефонот, иако веб-страницата „91mobiles“ тврди дека уредот неодоливо потсетува на „Realme 10 4G“.

Ако ова е вистина, можеме да очекуваме телефонот на Кока-Кола да има 6,5-инчен „AMOLED“ дисплеј со стапка на освежување од 90 Hz, а ќе се напојува од „MediaTek Helio G99“ чипсет со 8GB RAM и дополнителни 8GB виртуелна RAM.

Кога станува збор за камерите, се очекува сензор од 50 MP на задната страна и селфи камера од 16 MP. Има и 3,5 милиметарски приклучок за слушалки и аудио поддршка со „Hi-Res“.

Другите карактеристики што може да ги има телефонот на Кока-Кола вклучуваат USB-C порта, батерија од 5000 mAh со полнење „SuperVOOC“ од 33 W и мобилно поврзување 4G.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.