Светот денеска го одбележува 12-ти Април “Меѓународниот ден на децата на улица”. По тој повод Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа – Прилеп со слоганот “Не е хумано давање пари на дете кое питачи”, се приклучува кон одбележување на овој меѓународен ден.
За тоа што значи и каков феномен е злоупотребата на децата за питачење, што треба да направиме доколку сретнеме таков случај и што ќе се случи со детето доколку го пријавите, информирајте се преку флаерот во продолжение.
ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа – Прилеп особено апелира до граѓаните дека: “Секој граѓанин, орган и правно лице, должен е да го извести Центарот за социјална работа веднаш штом дознае, дека родителот не го врши родителското право или пак од други причини е потребна заштита на личноста, правата и интересите на детето”. (чл. 84 oд Законот за семејство)
ПРИЈАВУВАЊЕТО НА ДЕТЕ НА УЛИЦА НЕ Е САМО ВАШЕ ПРАВО, ТУКУ И ВАША ОБВРСКА!