НБА кариерата на некои играчи може да послужи како инспирација за филмови со среќен крај.
Таква е и приказната за Бен Валас.
Имено овој висок центар на Детроит Пистонс пред три години ја заврши својата кариера, но неговиот пат до успехот бил навистина тежок.
Кариерата ја започнал во Италија, бидеќи не поминал на НБА драфтот во 1996 година. Веднаш потоа потпишува договор со Вашингтон Булетс, каде останал до 1999 година кога потпишал со Орландо.
По една година потпишал за Детроит и таму започнува бајката.
Валас во 2004 година со Пистонс го освои насловот “НБА шампиони” со генерацијата позната како “Bad Boys 2.0”, а прогласен е четири пати за најдобар одбрамбен играч на НБА лигата. На All-Star настапувал 4 пати, а дури 5 пати е биран во најдобрата петорка на лигата.
Освен за Детроит, играше и за Чикаго и Кливленд.