Премиерот, Зоран Заев, е на годишен одмор, но е во постојана комуникација со надлежните во врска со пожapите, велат од Владата.
„Премиерот Зоран Заев користи денови од годишниот одмор до 12 август, а е во постојана телефонска и интернет координација со сите ресорни министерства и надлежни институции“, се наведува во соопштението.
Од Владата информираат дека во периодот од 3 до 12 август дел од членовите на Владата ќе искористат денови од годишен одмор, а дел од министрите нема да користат одмор во овој период со цел да се обезбеди и теренска и канцелариска координација на активностите.
„Владата секојдневно ги извршува сите свои функции, а согласно состојбата со пожарите министрите секојдневно заседаваат и одржуваат седници преку онлајн видео конференциска врска и навремено и непречено ги носат сите потребни одлуки. Согласно меѓусебна координација, дел од министрите нема да користат денови од годишен одмор во овој период, а со цел да се обезбеди и теренска и канцелариска координација на активностите секогаш и секаде каде што тоа е потребно“, велат од Владата.
А по сето ова можеме да заклучиме дека се работело за некоја добра “Last Minutе” понуда која не смеело да се пропушти, или пак премиерот имал уплатено за одмор од февруари за да ја искористи пониската цена. Како и да е, неговата способност да управува со држава што гори од плажите во соседството, е навистина воодушевувачка.