Марго Роби минатата година беше прогласена за најубава жена на светот. Иако тоа не е мала работа, таа не му придава големо значење на тој факт.
Таа не е како преостанатите ѕвезди, па така често можеме да ја видиме и во најопуштени изданија.
Пред неколку дена објавила фотографија на која нема ни грам шминка, а коментарите не престанале да пристигнуваат, и тоа само позитивни! Вака изгледа таа во потполно природно издание. Самите проценете дали и во ова издание ја заслужува титулата најубава дама на светот!