Најтрофејниот клуб во Македонија денеска го слави својот 72 роденден

Вардар, најтрофејниот македонски клуб и најпознатиот тим на просторите во поранешна Југославија, денеска слави 72-години од своето постоење.

Како што е познато, Вардар е создаден на денешен ден во 1947 година како фузија од тогашните тимови Победа и Македонија.

Тимот стигнува до Првата лига на Југославија, а се прослави со освоената шампионска титула во поранешната држава во 1987 година, која подоцна беше одземена и предадена на Партизан.

Вардар претходно стигна и до Купот на Југославија 1961 година.

Низ тимот се вртеа многу генерации, познати фудбалери од Македонија, а тимот го прави најголемиот успех во Европа во 2017 година кога се пласираше во групната фаза од Лигата на Европа.

Вардар има 10 титули шампион на независна Македонија, пет титули во Купот (со таа во 1961 шест), два трофеи во Супер-Купот.

Оваа година, пак, тимот се соочи со недобивање лиценца за Европа, и со забрана за трансфери во овој, и во зимскиот преоден рок. Во последните две години, во домашниот шампионат, Вардар е во сенка на Шкендија која освои две титули по ред.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.