Најстариот имал 23 години: Полицијата приведе десетмина млади прилепчани кои се тепале на улица “Прилепски бранители”

На 06.08.2023, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Д.Ј.(23), Н.Ј.(20), М. К.(20), Л.М.(20), К.Р.(19), М.М.(19), К.И.(19), А.С.(18) и двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години, сите од Прилеп, затоа што на ул.„Прилепски бранители“ во Прилеп го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени сооодветни пријави – информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.