Италјанката Ема Морано е последната жива личност родена во 19 век, таа вчера наполни 117 години.
Морано е родена на 29 ноември 1899 година и таа е најстариот човек во светот. Таа го држи рекордот во Гинесовата книга, наведува британскиот весник “The Guardian”.
Тајната на нејзината долговечност лежи во избегнувањето на како што вели “секојдневната медицина”, односно конзумирање лекови.
“Јадам 2 јајца во денот и тоа е тоа. И колачи. Нив ги јадам помалку бидеќи немам заби” вели Ема Морано.
Морано која е најстарата од осумте деца во нејзиното семејство, вели дека често ја посетуваат голем број на туристи во нејзиниот дом од северот на Италија.
“Луѓето постојано доаѓаат, иако не вика никого, тие доаѓаат. Ги има од Америка, Швајцарија, Австрија, Торино, Милано… доаѓаат од сите краеви на светот да ме видат” вели Морано.
Ф.Г.