Најстарата жена на светот го прослави својот 119 роденден во Јапонија, објавувајќи дека е решена да го продолжи рекордот за уште една година.
Кане Танака, која сака газирани пијалоци и чоколадо, во неделата одбележа голем ден со вработените во домот за стари лица во кој живее во префектурата Фукуока во југозападна Јапонија, пренесува Гардијан.
Гинисовата книга на рекорди го запиша животниот век на Танака во март 2019 година, кога таа имаше 116 години. Таа го постави јапонскиот животен рекорд на сите времиња кога достигна 117 години и 261 ден во септември 2020 година.
Родена во 1903 година, кога браќата Рајт го направија својот прв моторизиран лет и првиот Тур де Франс, Танака преживеа пет јапонски царски владеења и се надева дека ќе го прослави својот 120-ти роденден, објави новинската агенција Кјодо.
Танака, која е родена шест месеци пред Џорџ Орвел, е една од големиот број јапонски стогодишници.
Според проценката објавена во септември во пресрет на годишниот Ден на почит кон старите лица, јапонското Министерство за здравство соопшти дека рекордни 86.510 лица се на возраст од 100 или повеќе години, што е зголемување за 6060 во споредба со претходната година.
Кога истражувањето за прв пат беше спроведено во 1963 година, Јапонија имаше само 153 стогодишници, но бројот се искачи на над 10.000 до 1998 година.