Најсвежи трансфер вести: Јунајтед ќе го крши трансфер рекордот, Арсенал купува напаѓач …..

piccie

Светските спортски весници откриваат огромно раздвижување на трансфер пазарот, каде особено активен е Манчестер Јунајтед. Подгответе се за големи и изненадувачки трансфери ова лето.

Погледнете ги најновите трачови и зделки кои се на пат да бидат реализирани:

Maнчестер Јунајтед ќе мораат да го надминат светскиот трансфер рекорд на Гарет Бејл во Реал Мадрид ( 85,3 милиони фунти), за да го купат Пол Погба.

Жозе Мурињо верува дека 30 милиони фунти ќе бидат доволни за да го доведе Дракслер од Волфсбург.

Светските медиуми тврдат дека “црвените ѓаволи” се блиску до Хенрик Михатријан и Златан Ибрахимович.

Гвардиола верува дека ќе ја добие битката за Џон Стонс од Евертон, но се соочува со конкуренција од Челзи и Јунајтед.

Играчот на Тотенхем Ерик Даер, го задржа погледот на Баерн Минхен со одличните игри на Европското првенство.

Арсен Венгер прави напори да го доведе напаѓачот на Лион, Александре Лаказет, но за него се заинтересирани и Атлетико Мадрид и Вест Хем.

Стоук го купува напаѓачот на Вест Бромвич, Берахињо, за 16 милиони фунти.

Новиот менаџер на Евертон, Роналд Куман, сака да го доведе екс играчот на Саутемтон Морган Шнајдерлин, од Манчестер Јунајтед во Евертон.

Рафа Бенитез ќе понуди 10 милиони фунти за играчот на Бурнемаут Мет Ричи, поради најавеното заминување на Таунсенд.

Лестер има буџет од 50 милиони фунти, само за да ги задржи играчите кои ја освоија Премиер лигата минатата сезона.

 

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.