Најнова вест: Српскиот претседател Александар Вучиќ итно примен во болница!

Поради проблеми со срцето, српскиот претседател, Александар Вучќ, доцна синоќа е примен на Воено-медицинската академија во Белград, соопшти Генералниот секретаријат на Претседателот на Србија.

Веста ја објавија рано утрината српските медиуми.

Српската јавност е известена за здравствените проблеми на хипер-активниот Вучиќ само со една реченица.

Нема детали за неговата моментална состојба и дали здравствените проблеми се сериозни или се работи за замор.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.