Хрватскиот играч од средниот ред на теренот успеа во својата мисија. За време на Светското првенство во Русија, Ковачиќ нагласи дека сака да го напушти Мадрид поради слабата минутажа.
Шпанскиот весник “Марка” дојде до сознание дека Челзи е најблиску до трансфер на перспективниот играч во своите редови. Тој ќе замине на едногодишна позајмица, а не се знае дали ќе постои опција Челзи да може да го откупи на крајот од сезоната. Договорот би требало да биде официјален за неколку часа.
Потсетуваме, Мурињо го сакаше Ковачиќ во Манчестер Јунајтед, но Хрватот одби да игра во дефанзивниот систем на Португалецот, па поради тоа не дојде до реализација на овој трансфер.
Ковачиќ во Реал Мадрид имаше 52 настапи и постигна еден погодок. Со “кралевите” три пати го подигна трофејот во Лигата на шампиони, два пари Супер купот на УЕФА и една шампионска титула во Ла Лига.
#Kovacic was in the sports city this morning although he insisted on leaving. [Marca] #cfc pic.twitter.com/P44cKE8kro
— Cfc_alone (@CFC_alone) August 7, 2018
La situación de Kovacic en el Madrid se desbloquea. El jugador ha entrenado en solitario tras saber que el club ha cambiado su postura. El acuerdo de su cesión al Chelsea se anunciará en las próximas horas https://t.co/AGVJYTTCi8
— FichajesMARCA (@Marcatransfer) August 7, 2018