НАЈНОВА ВЕСТ! Вашингтон го замрзна рускиот имот во САД вреден стотина милиони долари!

Американските власти го замрзнаа рускиот имот во САД вреден стотина милиони долари во рамките на санкциите кои се воведени кон Москва, соопшти заменичката на министерот за финансии, Сигал Манделкер.

“Акциите на Министерството за финансии имаа големи последици по финансиските интереси на физичките и правни лица кон кои се воведени санкциите, вклучувајќи и блокирање на рускиот имот во САД вреден милиони долари”, вели Манделкер, а пренесува “Спутник”.

Taa исто така вели дека Вашингтон може да ги заостри постојаните економски санкции кон Москва, ако властите таму не ја променат својата политика.

Потсетуваме, претходно Министерството за финансии на САД соопшти дека уште двајца руски државјани, три руски компании и шест руски бродови се најдоа на списокот на американски акции поради соработката со Северна Кореја.

Министерството истакна дека богатството на рускиот бизнисмен Олег Дерипаске е намалено за половина, како и тоа дека рускиот бизнисмен Виктор Векселберг изгубил околу 3 милијарди долари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.