Скоро и да нема човек на планетата кој барем еднаш во животот удрил или добил шлаканица.
Но, навистина мал број на луѓе учествувале во натпреварување во кое учесниците си удираат шлаканици до паѓање.
Интересно , секоја година на тајна локација се одржува неофицијалното светско првенство во удирање шлаканици. Целта на натпреварувачите е да го удрат противникот најсилно што можат.
Секако противникот може да се удри само со отворена дланка.
Многу од учесниците на натпреварувањето, во зависност од силата на противникот многу често завршуваат и на подот паднати во несвест.