Најевтините места за одмор за 2017: За среќа голем дел од нив достапни за Македонците

plaza

Споредувајќи ги цените на потрошувачката кошничка со есенцијалните производи за одмор, истражувањето спроведено од „Post Office“ги откри најевтините европски дестинации за одмор.

Според цените на шише пиво, кафе и вечера за двајца со шише вино, најпознатата летна дестинација во Бугарија, Сани Бич, е најдоброто и најевитното место за одмор. Цената на кошничката во овој град изнесуваше 43 евра – за споредба, другите летни дестинации имаа кошничка вредна над 150 евра.

Ова се останатите најевтини летни дестинации во Европа:

1. Сани Бич, Бугарија – 43 евра
2. Алгарве, Португалија – 68 евра
3. Коста дел Сол, Шпанија – 70 евра
4. Мармарис, Турција – 78 евра
5. Пафос, Кипар – 84 евра
6. Коста Бланка, Шпанија – 85 евра
7. Порец, Хрватска – 89 евра
8. Лимасол, Кипар – 89 евра
9. Крит, Грција – 91 евро
10. Занте, Грција – 92 евра
11. Кефалонија, Грција – 94 евра
12. Мајорка, Шпанија – 98 евра
13. Крф, Грција – 100 евра
14. Слиема, Малта – 105 евра
15. Брегот на Лисабон, Португалија – 109 евра
16. Задар, Хрватска – 118 евра
17. Ница, Франција – 126 евра
18. Соренто, Италија – 128 евра
19. Ибица, Шпанија – 141 евро

Извор: Република




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.