На социјалните мрежи во Хрватска се појави фотографија од змија која плива во морето и се обидува да се качи на еден чамец на островот Какан.
Андреј Симичиќ кој ги проучува влекачите на територијата на Хрватска, врз основа на фотографијата рекол дека станува збор за четирипругаст кравосас, најдолга змија во Европа, која може да порасне и до 2,5 метри, но дека не е отровна, пренесува хрватскиот портал “Морски”.