Еве како да ја победите вашата настинка, за овој домашен лек потребни ви се овие состојки:
-Ѓумбир
-Сок од лимон
-Мед
Препорачуваме користење на термос или шише од еден литар. Изрендајте парче ѓумбир во должина од 3 сантиметри и ставете го во термосот.
Додадете околу 50 мл. свежо исцеден сок од лимон и две лажици мед.
Потоа, термосот наполнете го со штотуку зовриена вода. После 20 минути, вашиот чај за зајакнување на имунитетот и победување на настинката е готов за консумација.