Најголемото училиште во Прилеп – ООУ “Добре Јованоски” доживеа инвестициски бум во изминатите 12 години (ФОТО/ВИДЕО)

Најголемото училиште во општина Прилеп, ООУ “Добре Јованоски” во изминатите 12 години доживеа целосен расцут. Во училиштето инвестирани се повеќе од 53 милиони денари. Денес, директорката на училиштето Панде Николоска ги презентираше реализираните проекти и инвестиции, како и идните планирани активности и проекти, со цел уште поголемо подобрување на воспитно-образовниот процес во ова мултиетничко училиште.

naslovna

“Да се биде дел од ООУ „ Добре Јованоски “ – Прилеп е голема чест , а пред се и обврска бидејќи е едно од најголемите основни училишта во Прилеп, со најголем број на ученици и секако претставува едно мултикултурно множество од дечиња кои го стекнуваат своето основно образование. Во изминативе десетина години реализирани се голем број на проекти кои што го подобрија квалитетот на воспитно-образовниот процес во нашето училиште и горди сме што еве денес можеме да направиме една ретроспектива на реализираните проекти и инвестиции во училиштето. Проектите кои во продолжение ќе ги споменеме се реално остварени и воочливи за секој еден ученик, родител и граѓанин кој го посетил нашето училиште. Нема да се фалиме делата зборуваат за нас.

Ова се дел од реализираните проекти:

Промена на покрив

  • Целосно е променет покривот на училиштето
  • Проект финансиран од Локална Самоуправа
  • Инвестиција во вредонст од 2 500 000,00 денари
  • 2005 година

Промена на плочките на училишните скали

  • Проект финансиран од Локална Самоуправа
  • Инвестиција во вредонст од 20 000,00 денари
  • 2010 година

Поставување на громобран и заштита од временски непогоди

  • Проект финансиран од Локална Самоуправа
  • Инвестиција во вредонст од 176 000,00 денари
  • 2009 година

Реновирање на санитарните јазли во ООУ „Добре Јованоски“ Прилеп и изработка на нови во ЦВО „Лазо Филипоски-Лафски“ Прилеп

  • Проект финансиран од Локална Самоуправа
  • Инвестиција во вредонст од 194 000,00 денари
  • 2010 година

Изработка на плакари и звучници

  • Проект финансиран од Локална Самоуправа
  • Инвестиција во вредонст од 30 000,00 денари
  • 2010 година

Поставување на алармен систем и видео надзор во училиштето и спортската сала

  • Проект финансиран од Локална Самоуправа
  • Инвестиција во вредонст од 96 000,00 денари

Набавка на канцелариски столици

  • Проект финансиран од Локална Самоуправа
  • Инвестиција во вредонст од 79 500,00 денари
  • 2009 година

Изработка на главна разводна табла за подобрување на електричната мрежа

  • Проект финансиран од Локална Самоуправа
  • Инвестиција во вредонст од 39 000,00 денари
  • 2009 година

Промена на дел од постоечката алуминиумска дограма со ПВЦ дограма

  • Проект финансиран од Локална Самоуправа
  • Инвестиција во вредонст од 192 000,00 денари
  • 2009 година

Поставување на ламинат во училниците во ЦВО „Лазо Филипоски-Лафски“ Прилеп

  • Проект финансиран од Локална Самоуправа
  • Инвестиција во вредонст од 88 000,00 денари
  • 2010 година

Малтерисување и молерисување на ѕидовите во ходниците со абрип

  • Проект финансиран од Локална Самоуправа
  • Инвестиција во вредонст од 772 000,00 денари
  • 2009 година

Малтерисување и молерисување на ѕидовите во училниците и канцелариите и комплетно реновирање на таваните во истите

  • Проект финансиран од Локална Самоуправа
  • 2009 година

Санирање и реновирање на паркетот во училниците

  • Проект финансиран од Локална Самоуправа
  • Инвестиција во вредонст од 342 287,00 денари
  • 2005 година

Осветлување во кругот на училиштето

  • Проект финансиран од Локална Самоуправа
  • Инвестиција во вредонст од 90 710,00 денари
  • 2008 година

Изработка на комоди и шкафови за канцелариите

  • Проект финансиран од Локална Самоуправа
  • Инвестиција во вредонст од 50 500,00 денари
  • 2008 година

Набавка на статични компјутери за секој ученик како и лаптоп компјутери за наставниците во училиштето

  • Проект финансиран од Влада на РМ
  • 2009 година

Изработка на фасада на училишната зграда

  • Проект финансиран од Локална Самоуправа
  • Инвестиција во вредонст од 2 500 000,00 денари
  • 2011 година

Целосна реконструкција на парното греење и парните котли

  • Проект финансиран од Локална Самоуправа
  • Инвестиција во вредонст од 5 000 000,00 денари
  • 2011 година

Промена на сите училишни клупи и столчиња

  • Проект финансиран од Локална Самоуправа
  • 2008 година

Поставување на нови врати во училниците и канцелариите

  • Проект финансиран од Локална Самоуправа
  • Инвестиција во вредонст од 5 000 000,00 денари
  • 2008 година

Изградба на спортска сала

    • Проект на Агенцијата за спорт и млади и Министерството за образование и наука
    • Инвестиција во вредност од 40 000 000,00 денари

Партерно и хортикултурно уредување на училишниот двор

    • Изградба на пешачка патека со бекатон плочки
    • Поставување на клупи за седење и корпи за отпадоци
    • Уредување на парк со тревна површина
    • Проект од Локалната Самоуправа и ЈКП „Комуналец“ Прилеп

Изградба на игралиште со вештачка трева

    • Финансирано од: Локална Самоуправа
    • Износ: 600 000,00 денари
    • Период на реализација: 2013 година

Изградба на ОХО училница (надворешна еколошка училница)

    • Финансирано од: Зелени училишта-почиста околина, прекугранична соработка со Р. Албанија
    • Износ: 30 000,00 денари
    • Период на реализација: 2014-2015 година

[Best_Wordpress_Gallery id=”478″ gal_title=”DobreJovanoskiPredPotoa”]

Ова се проектите кои се реализирани од 2005 година до денес во ООУ „Добре Јованоски“ Прилеп со вкупна вредност од повеќе од 53 милиони денари, но овде не застануваме продолжуваме со реализација на идните планирани проекти и тоа:

  1. Поврзување на парното греење во новата спортска сала
  • Во тек е тендерската постапка
  • Финансиран од Локална Самоуправа
  • Износ: 1 200 000,00 денари
  1. Набавка на спортски семафор за мерење на време и поени
  • Во тек е тендерската постапка
  • Финансиран од Локална Самоуправа
  • Износ: 185 000,00 денари

Во план е доградба на две нови училници со кои што би се подобрил капацитетот за изведување на воспитно образовниот процес, а исто така партерно и хортикултурно ќе биде уреден и дворот во задниот дел на училиштето.

И на крај сакам да кажам дека ние возрасните на нашите деца треба да им оставиме спомени кои ќе бидат вредни за памтење, бидејќи детството не е само тренинг на децата за периодот кога ќе станат возрасни, детството и деновите поминати во школските клупи се моменти кога сфаќаме дека ако ги носиме овие спомени во нас  никогаш нема да остариме“, истакна директорката Панде Николоска.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.