Германскиот одбранбен концерн „Рајнметал“ ќе отвори фабрика за оклопни возила во Украина во следните 12 недели.
Најголемиот германски производител на оружје исто така ќе ги обучува Украинците за одржување тенкови и други оклопни возила произведени во фабриката. Фабриката наводно ќе се наоѓа на западот на Украина.
Компанијата се надева дека фирмата во Украина ќе произведува околу 400 тенка годишно. Покрај тоа, таму се планира да се произведуваат и поправаат и оклопни транспортери „Фукс“.
Во мај државниот украински одбранбен концерн „Укроборонпром“ потпиша договор за стратешко партнерство со Рајнметал, кој предвидуваше создавање заедничко вложување. Според договорот, „Укроборонпром“ и „Рајнметал“ ќе почнат соработка со техничко одржување и поправка на оклопни возила испратени во Украина.
„Рајнметал“ има намера да потпише договори за создавање уште две заеднички вложувања за производство на муниција и противвоздушна одбрана.