Kултурно уметничкото друштво “Mирче Ацев” од Прилеп e формирано во 1947 година, а денеска прославува 73 години постоење.
“Почитувани пријатели, драги наши поранешни и сегашни членови… Денеска е голем ден за нашето друштво. Да не беше оваа пандемија и овој опасен вирус, ние денеска ќе славевне голем ден. Денешниот ден ќе беше исполнет со радост и среќа, веселби и концерт. На овој ден пред точно 73 години е формирано Културно уметничкото друштво “Мирче Ацев” од Прилеп. Нека е среќен и долговечен овој ден и уште векови да се слави со многу членови, концерти, турнеи, награди и признанија. А вие драги мои останете дома и бидете послушни за побрзо да ја пребродиме оваа пандемија и повторно да се вратиме на редовните проби и дружења. Ви Благодариме!”, напишаа од друштвото на Фејсбук.