Најголемата странска фабрика во Прилеп од понеделник ги затвора погоните: Потврден еден позитивен на корона вирус

Од понеделник, времено ќе биде затворена компанијата „Гентерм“ во технолошко-развојната зона „Алинци“ во која има околу 1.900 вработени. Еден од административните работници во компанијата е позитивен на тестот за коронавирус.

Од 1 април е затворена и текстилната компанија со над 200 вработени, затоа што една од работничките е позитивна на тестот за коронавирусот.

Во изминатото деноноќие во Прилеп потврдени се нови 2 случаи со Ковид – 19, а бројката достигна 24 заразени лица.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.