Најважната функција во новата Влада што ја доби Прилеп е “Министер за лименка пред Цепенков”….Еве кои се новите министри

Доста изненадувања на листата на нови министри од коалицијата „Можеме“. Откако ДУИ предмалку ги објави своите претставници во новата влада, познати се и имињата на министрите од СДСМ.

Вака ќе изгледа новата влада:

Љупчо Николовски – вицепремиер

Фатмир Битиќи – вицепремиер за економија

Никола Димитров – вицепремиер за европски прашања

Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи

Радмила Шекеринска – министерка за одбрана

Венко Филипче – министер за здравство

Мила Царовска – министерка за образование и наука

Бојан Маричиќ – министер за правда

Благој Бочварски – министер за транспорт и врски

Јахода Шахпаска – министерка за труд и социјална политика

Ирена Стефоска – министерка за култура

Аријанит Хоџа (Беса) – министер за земјоделство

Горан Милевски (ЛДП) – министер за локална самоуправа.

За разлика од претходно, во новиот владин состав нема ниту еден министер од Прилеп, иако е една од најголемите општини во Македонија.

Со оглед на тоа еве еден предлог за министерско место доколку се прави некоја идна реконструкција.

Министер на лимената доградба на Центарот за култура “Марко Цепенков”.

Претходно министер од Прилеп беше Горан Сугарески во ресорот транспорт и врски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.