Најбогатото село на светот: Сите живеат во вили и се возат со хеликоптер (ВИДЕО)

Заедницата функционира по одредени правила, што значи дека ако сакате да го напуштите селото и одлучите да се преселите на друго место, ја губите куќата и сè што имате на сметка.

 

vili-640x417

Најбогатото село на светот се наоѓа во Кина, има 2.000 жители од кои секој има најмалку 250.000 долари на сметка и сите живеат во вили.

Името на селото е Хуакси и се наоѓа во покраината Џиангсу. Сосема оправдано го носи називот „село на богаташи” поради луксузните вили, хеликоптери, бесплатната здравствена нега, луксузните автомобили и тематски паркови кои им се на располагање на неговите жители.

Селото некогаш било населено со сиромашни земјоделци, а денес секој од неговите 2.000 „селани” колку што тука официјално живеат, има најмалку 250.000 долари на сметка во банка.

Меѓутоа, заедницата функционира по одредени правила, сакате да го напуштите селото и одлучите да се преселите на друго место, ја губите куќата и сè што имате на сметка.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.