Драстично ќе поскапат месото и сувомеснатите производи – алармираат од Групацијата на производители и преработувачи на месо при Стопанската комора. Ова ќе се случи за помалку од еден месец, ако Владата не ги врати квотите од 6.400 тони за увоз на замрзнато свинско месо на нивото, кои во октомври лани беа преполовени на 3.200 тони – објави “АЛФА ТВ”
Засега не поделиле откази, но велат ако овој проблем не се реши во рекордно краток рок, голем број на луѓе ќе останат без работа, а многу фирми ќе бидат затворени. Веќе поднеле барање до министерството за економија. Велат ако се задржат квотите на старото ниво, сите луѓе ќе бидат задржани на работа.
Министерството за економија го анализира барањето на Групацијата, по што ќе достави мислење до Владата.
„Министерството за економија ќе го разгледа нивното барање со детална анализа и ќе ги земе во предвид и податоците за извоз на месни преработки од минатата година кои бележат намалување иако намерата на оваа мерка која се носи континуирано од 2018 година е да се зголеми и поттикне извозот, како и да се зголеми конкурентноста на домашниот пазар во однос на увезените производи“ – велат од министерството.
Целата сторија и прилогот погледнете го ТУКА