На 22 јуни во Прилеп во СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ ќе се одржи професионална боксерска ревија за скор на професионалните боксери во светската професионална боксерска ранг листа.
Ице Трајкоски од Прилеп ќе биде нашиот боксер на овој меч. Трајкоски има скор 1-1-0 и ќе се бори со боксер од Бугарија.
“После долга пауза ќе организираме боксерски спектакл со одлична сценографија, девојки за рунди, ди-џеј, професионален водител во ринг, мерење и соочување на боксерите на градскиот плоштад во Прилеп. Боксери од Македонија, Албанија, Бугарија. Детални информации ќе дадеме во текот на оваа недела”, изјави тренерот Дарко Чатлески.
Инаку Трајкоски во декември минатата година имаше професионален бокс меч во Албанија, каде боксуваше со Јорго Гонај.
Настанот беше насловен како “Аrena Boxing Night”, а во рамките на истиот се одржаа 6 професионални мечеви.
Со технички нокаут во првата рунда Ице Трајкоски заслужено издвојува атрактивна победа.