По повод новата школска година, ЈП Паркинзи Битола одлучи да им подари бесплатни возења на сите дечиња.
Бесплатните денови за возење со вовчето “Мечо” ќе бидат на 11.09. и 25.09.
На овој начин од претпријатието сакаат да им посакаат успешна и среќна школска година на најмалите и радост во првите школски денови.
За потсетување, и Прилеп имаше свое туристичко вовче, беше преполно и се чекаше ред на “Реклами” за билет плус. Цела година прилепчани го немаат видено вовчето, а најмалите постојано прашуваат, кога ќе се врати…